Боречкиот клуб „7-ми Мај“ од Прилеп денеска оствари средба со прилепскиот градоначалник Борче Јовчески

Сподели го ова:





























Боречкиот клуб „7-ми Мај“ Прилеп е еден од презентерите на градот Прилеп на национално ниво а исто така активно учествува и е дел од репрезентацијата на Република Македонија. Клубот е формиран во 2004 година и веќе 18 години учествува во сите натпреварувања. Шампион е во женска конкуренција за 2020 и 2021 година, а исто така имаат значителни и големи успеси од учествата на светски првенства, балканијади и слично.

Најновиот успех на борачките од клубот е во Букурешт Романија на Балканското првенство каде што Ангела Трајкоска освои сребро а Елена Дејкоска бронза што претставува навистина одличен резултат. Денеска, токму овие спортски херои остварија средба со прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Им посакав уште многу поголеми успеси во иднина и изразив задоволство што денес остваривме средба со претставниците и дел од членовите на клубот во мојот кабинет, каде што поразговаравме како за нивните досегашни успеси така и за идните планови на клубот. Локалната самоуправа на општина Прилеп и јас како градоначалник, имаме план за во наредниот период во кој ќе ги вклучиме, обединиме и зајакниме сите спортови од нашиот град! – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави