Борче Јовчески е новиот градоначалник на Општина Прилеп, а Дејан Проданоски е новиот претседател на Општинскиот совет

Сподели го ова:




Ортопедот Борче Јовчески е новиот градоначалник на Општина Прилеп. Јовчески со убедлива победа во првиот круг, го победи неговиот најголем против кандидат Горан Сугарески. Имено Дејан Проданоски човекот со голем рејтинг помеѓу прилепчани е новиот претседател на Советот на Општина Прилеп. Вчера на прославата на ВМРО-ДПМНЕ и двајцата ветија дека веднаш ќе започнат со работење кон реализирање на ветените проекти. Еве што напиша вчера на социјалните мрежи новиот градоначалник на Прилеп: “Победнички Прилеп!!!!Да живее ВМРО -ДПМНЕ, да живее Македонија!Прилеп денес избра промени! Прилеп денес го направи вистинскиот избор.Драги сограѓани и жители на населени места, огромна благодарност за искажаната доверба и вашата убедлива поддршка.Ветувам дека се што беше ветено и е дел од нашата програма, ќе почне да се исполнува почнувајќи од утре.Вие го направивте вистинскиот избор!”-напиша Јовчески.

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, балон и текст кој вели „OBA нина! кти побел че CK“





Сподели го ова:

Слични објави