Борче Јовчески човекот со најголем рејтинг помеѓу прилепчани, кој што најдоцна до среда ќе ја преземе градоначалничата функција, со честитка до граѓаните по повод Денот на револуционерната борба

Сподели го ова:




Борче Јовчески човекот со најголем рејтинг помеѓу прилепчани, кој што најдоцна до среда ќе ја преземе градоначалничата функција во нашата Општина Прилеп, со честитка до граѓаните по повод Денот на револуционерната борба, еве во прилог што тој изјави: “Драги сограѓани,Ви го честитам 23ти Октомври, денот на револуционерната борба, денот кога во 1893та година во Солун беше основана Македонската револуционерна организација (МРО). Со положување на цвеќе им оддаваме почит на нашите борци за слобода и независност и го одбележуваме достоинствено овој празник, како што доликува. Овој празник е симбол на долговековната борба и непокорот на Македоснкиот народ за слобода и независност. На овој ден шестмината Македонски дејци беа обединети од една визија, а тоа е вековниот сон за слободна Македонија.23ти октомври, 1893 година е ден без кој не ќе се случеа трите Илиндениод 1903та, 1944та и 1991 година.Честит празник!”-изјави Јовчески кој како што потенциравме и претходно, се очекува најкасно до среда да ја превземе градоначалничката функција.





Сподели го ова:

Слични објави