Бог да им дарува здравје! Прилепската компанија “Bim Food” е идниот домаќин на градската слава „Св. Никола” наредната година, заедно со “Матадор”
Како што информиравме во претходните наши објави, денеска Прилеп гордо и достоинствено ја одбележа славата на градот св. Никола. Овој ден е симбол на љубов, заедништво и добрина, празник кој што не обединува сите.
Наредната година, домаќини на градската слава „Св. Никола“ е општествено одговорната компанија Bim Food, како и Матадор – Прилеп. Колку за потсетување, Bim Food e општествено одговорна компанија која до сега има помогнато секаде и секому на кого е потребно! Всушност, тоа е и визијата на оваа оваа прилепска компанија која е една од ретките општествено одговорни компании кои секогаш стојат на располагање онаму каде треба помош во ова наше општество.
До сега, Bim Food поддржале голем број на културни настани, давале финансиска помош на вработени, болни лица, поддржувале голем број на хуманитарни концерти, и што ли уште не! Нивната посветеност во градот, трудот и вложувањата се пример за тоа како приватниот сектор и заедницата можат заеднички да напредуваат, и да го зачувуваат духот на нашата традиција.