Блокиран сообраќајот во двата правци на патот Прилеп-Крушево
Утрово, во 08.50 часот започна ненајавен јавен собир на регионалниот пат Прилеп-Крушево, потчно кај село Врбјани.
– Граѓани протестираат поради изведување на градежни работи на патот со кои треба да се руши мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците. Од 09:10 часот сообраќајот е блокиран во двата правци – информираат од АМСМ.
