Битолскиот градоначалнк и градоначалникот на Општина Новаци се во студиска посета на Република Хрватска

Сподели го ова:





























Битолскиот градоначалнк Тони Коњановски и градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, се во студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање, односно стекнување искуства од граѓанските енергетски заедници во оваа земја.

Тие ја посетија Зелената енергетска Задруга во Загреб каде што беа информирани за енергетските задруги, модели и форми на учество на граѓаните, преглед на пилот проекти и позитивни искуства и eлементи на поддршка за градовите и општините. Непрофитна задруга која ја промовира граѓанската енергија во Хрватска повеќе од 10 години.

Следна нивна станица беше енергетската заедница„ Сава“ во Општина Пушча, каде што им беа презентирани искуствата на општините со формирањето на енергетските заедници, форми, управување, правни и финансиски услови, а воедно имаа и средба и со Филип Бернардиќ градоначалник на општината. Ја посетија и Регионалната енергетско-климатска агенција на Северозападна Хрватска, енергетски центар „Брачак“ во градот Забок.

Заедно со организаторот на студиската посета Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје имаа и теренска посета на инсталирана соларна електрана, со цел согледување на иновативни решенија за општински енергетски проекти.

Во Крижевци каде што се спроведува пилот проектот „Крижевачки сончеви покриви“ беа споделени искуствата за енергетска транзиција, декарбонизација, финансирање на обновливи извори на енергија, а беше остварена срдба со Марио Рајн заменик жупан на Копривничко-Крижевачката жупанија.

Неколкудневната агенда заврши со посетата на Енергетската заедница на Северен Јадран, Дреново.

За време на посетата како делегација од Македонија имаа прием во Амбасадата на Македонија во Хрватска од страна на Горан Божиновски заменик Амбасадор на Македонија во Хрватска, a исто така го посетија и Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб каде имаа средба со директорката Мими Ѓоргоска-Илиевска.




Сподели го ова:

Слични објави