Битолскиот градоначалник во неговиот кабинет со огромно задоволство ги пречека учесниците од Интернационалниот фестивал на монодрама
Уметничкиот свет, учесници на Интернационалниот фестивал на монодрама кој се одржува во Битола, денеска беа гости во кабинетот на битолскиот градоначалник Тони Коњановски.
“Задоволство беше да се поразговара со нив, особено да ги слушнам нивните впечатоци од престојот во Битола и од програмата од која се дел на овој фестивал.
Директорот на Центарот за култура Сашо Илковски со уметниците од Романија, Казахстан/Данска, Бугарија, Украина/Полска, Грузија, Египет, Италија, Ерменија и од Македонија, ја искажаа благодарноста за гостопримството и за поддршката која Општина Битола ја дава на овој значаен фестивал” – порача Коњановски.
