Битолскиот градоначалник Тони Коњановски присуствуваше на редовната седница на ЗЕЛС

Сподели го ова:





























Битолскиот градоначалник Тони Коњановски присуствуваше на редовната седница на ЗЕЛС на која се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините.

“Како градоначалник на Битола и член на управниот одбор на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) присуствував на редовната седница на која разговаравме за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините.

Една од клучните одлуки за која разговаравме и ја донесовме е формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел подобра, побрза и поефикасна координација меѓу општиние при евентуални пожари во текот на летниот период, во соработка со централните органи.

На седницата на која присуствуваше и новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, стана збор и за можностите за основање локални енергетски претпријатија, што е важен чекор кон енергетска независност на општините” – истакна Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави