Битолчанка веднаш после матурската прослава нападната од нејзиниот 40 годишен дечко
На 23.05.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Џ.(40) од Битола.
Имено, според пријавеното, на 23.05.2026 во 07:40 часот во СВР Битола 17- годишна битолчанка пријавила дека од страна на нејзиниот дечко била физички нападната при што се здобила со тешки телесни повреди – информира МВР.
