Битолчани секогаш биле големи крводарители! Денеска во Битола се одржа голема крводарителска акција организирана по повод 17 Март, Ден на крводарителството во Република Македонија

Сподели го ова:





























Денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски ја посети крводарителската акција организирана по повод 17 Март, Ден на крводарителството во Република Македонија и Ден на основањето на Црвениот крст во Македонија, од страна на Општинската организација на Црвен крст Битола во соработка со Службата за трансфузиона медицина од Битола во фоајето на НУ „Народен Театар” – Битола.

“Заеднички констатиравме дека имаме одлична соработка, секогаш кога било потребно. Оваа традиција се повторува повеќе од 15 години, а бројката на дарители секоја година надминува 100, ме инфоркираа од Црвениот крст и Службата за трансфузиологија.

Статистиката на дарители изминатиов период покажува дека на територија на Општина Битола има заинтересираност за хуманиот чин на крводарување, а особено се забележува и значителен пораст во бројката на млади крводарители. За изминатата 2025 година беше надминат со над 150% годишниот план од 2854 крвни единици” – истакна Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави