Битолчанец продавал дрога, која клиентите “ја конзумирале” во колата на неговиот татко
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Б.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 28.01.2025 во Битола, пријавениот набавил марихуана и метамфетамин, по што во возило на неговиот татко, му овозможил на 37-годишен битолчанец да ја користи дрогата.
