“Bim Food” заслужено се најде на листата на “ТОП 18 извозници од Прехрамбената индустрија од нашата земја”

Сподели го ова:




“Bim Food” заслужено се најде на листата на ТОП 18 извозници од Прехрамбената Индустрија од нашата земја. Кога зборуваме за пазарот во цела Европа, синоним за квалитет и автентичност- кога станува збор за најквалитетна суровина и нејзина преработка со најмодерна технологија, претставува „BIMFOOD“ДОО. Како резултат на ова, “Bim Food” влезе во првите 18 најголеми извозни компании од нашата земја, и го освои 11-тото место на оваа листа. Овој голем успех на “Bim Food” е доказ за успешната работа и менаџирање на браќата Милан и Иван Бичанин, кои успешно и квалитетно менаџираат со оваа компанија.

На ваков начин Иван и Милан, освен што во европски и светски рамки ја претставуваат нивната компанија, го претставуваат и градот Прилеп како град во кој постојат успешни-светски компании кои нудат производи со европски и светски квалитет. Врз основа на нивната долга работна традиција во однос на преработка и пакувањето, денес „BIMFOOD“ДОО преставува една од лидерите за собирање, преработка, пакување и дистрибуција на печурки и останати шумски плодови, како во реонот на нашата земја, така и во самиот Балкан. Тимот на “stanica.mk” упатува честитки до “Bim Food” за освоеното место на листата на “ТОП 18 извозници од Прехрамбената индустрија од Македонија”

Нема опис за фотографијата.





Сподели го ова:

Слични објави