Автобус со прилепски регистарски ознаки се запали возејќи кон Скопје
Попладнево, автобус со прилепски регистарски ознаки се запали на автопатот Велес–Скопје. Немилот настан се случил кај наплатната станица Отовица.
Веднаш на местото на настанот се испратени екипи од ТППЕ и полициски службеници. Сите патници навремено го напуштиле автобусот, и за среќа нема повредени лица.
