АУДИЦИИ: Веселото ѕвонче Ве кани да се пријавите за учество за пеење на наредното јубилејно 5-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:






























После спектакуларното фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кој што четврта година по ред се одржа во Прилеп, поточно во НУЦК “Марко Цепенков” каде минатата сабота-точно пред седум дена, прилепската публика и гостите од другите градови, уживаа во најновото фестивалско издание кое за еден ден одржа две фестивалски претстави, а салите беа преполни, бидејќи секој сакаше да го погледне овој најактуелен детски музички фестивал. Како што знаеме сите, овој детски музички фестивал, од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД. Во саботата, публиката имаше можност да слушне 16 ново-компонирани детски хитови, кои освен учесници од Прилеп, песните ги испеаа и учесници од повеќе градови од нашата Македонија.

Заради големиот интерес за учество на наредното фестивалско издание на најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се оджи во месец мај, наредната 2023 година, Веселото Ѕвонче Ве кани доколку имате од 4 до 15 години, преку Вашите родители да се пријавите на телефонскиот број на “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”: 078/66-77-97. Бројот на места како и секоја година е ограничен, па затоа само најбрзите кои што ќе се пријаваат ќе ја имаат среќата да бидат учесници на фестивалот и да испеат новокомпонирана песна на наредното јубилејно фестивалско издание на најактуелен детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Во прилог, следува галерија од сликите од последното, спектакуларно фестивалско издание, кое се одржа пред точно 7 дена:




Сподели го ова:

Слични објави