Артан Груби: “Да не беше Охрид, немаше да ја биде Преспа, ако не беа и двете, немаше да го имаме НАТО”

Сподели го ова:




Одбележувањето на 20 годишнината на Охридскиот Договор кулминира денес со Конференцијата “По Охрид“ организирана од страна на Министерството за Политички Систем и Односи помеѓу Заедниците во соработка со Универзитетот Колумбија од Сооединетите Американски Држави. Во неговиот говор, првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби во својство на домаќин на овој настан им се заблагодари на учесниците на оваа конференција кои со нивното присуство искажаа почит спрема историскиот момент на потпишувањето на Охридскиот Договор кој ги постави темелите на високите вредности на демократијата, еднаквоста и мирниот соживот. Груби ја потенцираше и важноста која ја имаше потпишувањето и имплементацијата на Охридскиот Договор потсетувајќи се на предизвиците кои доведоа до тој историски момент кој ја спаси земјата. Тој ги потенцираше и предизвиците на “По Охрид“ кои Северна Македонија продолжуваат да ја најдат посветена кон патот на интеграцијата во Европската Унија.





Сподели го ова:

Слични објави