Амбасадата на САД доставила информација до ЈО дека предизборно вооружени се 83 осудувани лица

Сподели го ова:




Амбасада на САД доставила информација до ЈО дека предизборно вооружени се 83 осудувани лица. Имено денеска, поточно утрово во 09:04 часот по лотус добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое се известува дека едно лице од политичка партија вчера (16.10.2021) се обратило до нив. По приемот на претходно наведеното известување, преку МВР СВР Скопје, се врши проверка на наводите од пријавата, при што целосно се преземаат оперативни мерки со помош на кои што се спроведува проверка на лицата и разговор со подносителот на самата пријавата,се со цел да се утврдат евентуални основи на сомневање за сторено кривично дело, за кое што гонењето се презема по службена должност. Имено, според споделената информација на лицето, станува збор за вкупно 83 лица кои што биле повеќе-кратно осудувани како сторители на кривични дела, а воедно истите и се на слобода, при што самите тие добиле огнено оружје за да го попречат изборниот процес, како и дека едно друго лице кое што е познат сторител на кривични дела поседува оружје со кое што на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои што ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија. Колку е ова точно-останува да утврдат надлежните институции.





Сподели го ова:

Слични објави