АИРЛИЈА! ПРЕЗЕНТИРАНИ ШЕСТ КОНЦЕПЦИИ ЗА МОЖНИ ПРОЕКТИ НА ДЕНЕШНАТА ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА НА ЗАЕДНИЦАТА 

Сподели го ова:
























На втората сесија на “Форумот во заедницата“ во Прилеп во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ граѓаните имаа можност да  ги презентираат шесте предлог- проекти поврзани со избраната област кои произлегоа од првата форумска сесија и да дебатираат кои од нив треба да се развиваат во конкретeн проект/и, со реална потреба за заедницата и со реална финансиска конструкција. Приоритетниот проект или проекти ќе треба бидат реализирани во наредните шест до девет месеци, со финансиска поддршка од програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ и Општина Прилеп.

Инаку, приоритетите на првата формуска сесија „Зајакнување на општинските совети –фаза 2“  беа насочени кон образованата сфера,  животната средина,  младите и спортот, а  учесниците  на форумската сесија акцентот го ставија на сферата млади и спорт,  нудејќи интересни предлози, концепти и идеи поврзани со потребата на младите.

Краен рок за завршување  на проектот  е декември 2023 година, до кога ќе треба да има и конкретна реализација на предложеното решениe од страна на граѓаните кое ќе биде издвоенo како проект од најголем интерес за локалната заедница.

Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.




Сподели го ова:

Слични објави