Аирлија! Од април ќе има покачување на минималната плата за 2.200 денари

Сподели го ова:





























Од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец, или околу 2.200 денари повеќе од сегашната минимална плата, истакна премиерот Мицкоски.

Денеска, имаме владина седница, разговарав со министерот за економија, ќе поминеме информација. Согласно Законот мислам дека минималната плата ќе се зголеми на ниво од 24 400, така е според Законот. Немаме репрезентативен синдикат во Економско-социјалниот совет – се формираше Комисија која ќе ја утврди репрезентативноста. Се надевам дека наскоро тие што ќе бидат репрезентативни претставници на работниците заедно со работодавачите ќе постигнат консензус, а ние тој консензус ќе го почитуваме. Ако се договарат за поголема сума, ќе го промениме Законот и ќе навлеземе во дополнително нивелирање – истакна Мицкоски,




Сподели го ова:

Слични објави