АИРЛИЈА: Градоначалникот Саботковски, склучи договор за изградба на три улици во Општина Могила
Денеска градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски, заедно со директорот на ЦРППР Јосиф Балтов склучија договор за изградба на три улици во Општина Могила.
Склучивме договор за партнерство во реализација на проектот: Искористување на конкурентските предности на Пелагонискиот регион преку подобрување на патната инфраструктура“, за што се планирани средства во износ од 6.195.547 денари. Општина Могила ќе учествува со сопствени средства во износ од 1.664.666 денари, од кои 1.200.000денари како сопствено учество а 464.666 денари за реализација и имплементација на проектот -истакна Саботковски.
Со реализација на проектот ќе бидат опфатени три улици:
• н.м Долно Српци крак бр.6, Л=195,39м, вредност 1.439.933,94ден со ДДВ.
• н.м Беранци крак бр. 2, Л=242,38м, вредност 1.655.626,14ден. со ДДВ.
• н.м. Могила крак бр. 3 , Л=480,63м , вредност 3.099.987,44ден. со ДДВ.
