68 ГОДИНИ БЕЗ ЧЕНТО: „Верував во сѐ, но не верував дека моите ќе ми судат за Македонија!“

Сподели го ова:






























Денеска се навршуваат 68 години од смртта на Методија Андонов Ченто. По тој повод, утрово во Прилеп бројни делегации ќе оддадат почит пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец, политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година, во својот роден град.

Долго време по неговата смрт, Ченто бил табу тема и ретко бил споменуван во книгите и учебниците, а и јавните разговори за него биле најстрого забранувани. Во 1990 година, по осамостојувањето на Македонија, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, судот ја повторил кривичната постапка против Ченто, при што одлуката на судот од 1946 година била укината. Постхумно е одликуван со “Орден на Република Македонија”, признание кое го имаат само поранешните претседатели на Македонија.

Така завршува епопејата за еден од најголемите борци за македонско национално единство, осудуван и прогонуван за неговиот вечен идеал и стремеж за самостојна и независна држава.

Нека му е вечна слава!




Сподели го ова:

Слични објави