54,2% од граѓаните на Крушево се вакцинирани со прва доза против Ковид 19

Сподели го ова:




Граѓаните на Крушево се многу подобри во однос на прилепчани кога станува збор за бројките во однос на процесот на вакцинација. Врз основа на податоците од Министерството за здравство вкупно 3.956 крушевчани имаат примено прва доза на вакцина против Ковид 19, додека пак 3.690 крушевски граѓани имаат примено две дози на вакцина против Ковид 19. Ако направиме една компаративна анализа во однос на процесот на вакцинација во Крушево може да се констатира дека 54,2% од граѓаните на Крушево се вакцинирани со прва доза против Ковид 19. Во тек е вакцинација во постојните вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и тие се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат. 





Сподели го ова:

Слични објави