16 новозаразени прилепчани од Ковид 19

Сподели го ова:




Досега во земјата се направени вкупно 1.286.091 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.915, бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090. Врз основа на последните информации од Министерството за здравство регистрирани се 454 ново заболени од Ковид 19 од кои 16 се од Прилеп. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. До сега вкупно се аплицирани 1.510.665 дози вакцини, а ревакцинирани се 724.835 граѓани, додека пак трета доза во државава вкупно примиле 137 граѓани.





Сподели го ова:

Слични објави