|

Од 1 јануари 2023 нема да има граници меѓу Македонија, Србија и Албанија

Сподели го ова:




Како завршница на Економскиот форум во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот на Владата нa нашата земја Зоран Заев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, одржаа прес-конференција на која одговараа на прашањата на акредитираните новинари за придобивките од новите акциски проекти за регионална соработка и поврзување на регионот.Во своето обраќање премиерот Заев истакна дека во Скопје се отворија нови перспективи за нашите држави, за нашите народи, за нашите економии и за нашите општества. Наместо ѕидови, потенцираше Заев, денеска изградивме нови мостови и изрази благодарност за поддршката што новото и силно регионално поврзување ја доби од деловните заедници на трите земји и од поширокиот регион и од повеќе земји од Европа и светот.„Претставниците на повеќе од 400 компании учесници на форумот се капиталот на оваа иницијатива. Нивните дискусии, дебати, предлози и проекти што тука ги афирмираа и ги здружија, сведочат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е платформата која му е потребна на регионот“, нагласи премиерот Заев.Тој додаде дека иницијативата продолжува на нови работни средби во Белград, кон крајот на годината во Тирана, а во меѓувреме ресорните министри ќе започнат итна реализација на договореното и ќе развиваат нови проекти за олеснување на животот на нашите народи.„Час поскоро, нашите граѓани од Отворен Балкан да осетат конкретни економски бенефити – без разлика дали тоа ќе биде поевтин одмор во Саранда, Преспа или Копаоник или пак побрз проток на стоките кои фирмите треба да ги увезат или извезат. Ќе започнеме и организација на регионални саеми на вина и други производи кои се произведуваат во нашиот Отворен Балкан, како и тоа дека ќе организираме младински регионални спортски и друг тип натпревари за да обезбедиме поврзување денес, за подобро утре“, порача премиерот Заев.Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на прес-конференцијата повтори дека станува збор за фантастична идеја, извонредна визија и дека почнуваат процеси за отворање на границите како историско остварување на регионот.Ова не е иницијатива за нас политичарите, ова е иницијатива на сите граѓани од регионот, истакна претседателот Вучиќ.Премиерот на Албанија Еди Рама потсети дека во 2019 година за време на земјотресот во неговата земја се активираа механизмите за спасување и во Србија и во Северна Македонија и во тој трагичен момент стана јасно колку е битно да не се чувствувате сами и колку е вредно кога урнатините под кои има стотици луѓе заеднички работат обединети единици за спасување од регионот.Тоа е само една конкретна придобивка од нашата иницијатива, а за сите останати придобивки се отворени вратите и за сите други земји од регионот, истакнаа тројцата лидери.





Сподели го ова:

Слични објави