| |

Украден накитот на Северина

Сподели го ова:




Настанот се случил вчера кога двајца разбојници насилно упаднале во нејзиниот стан кој што се наоѓа во Загреб, при што откако ја нападнале и врзале слугинката на Северина, разбојниците го украле нејзиниот накит. Врз основа на очевидниците, најверојатно крадците чекале Северина и нејзиниот менаџер Петровиќ да го напуштат станот на Северина, при што откако тие двајцата го напуштиле станот, разбојниците влегле со станот на Северена, меѓутоа кога забележале дека тука е присутна нејзината слугинка, тие ја врзале, го зеле накиот и напуштиле терен.

Она што е интересно за надзорните камери кои се наоѓаат пред зградата на Северина, во тој момент тие биле испрскани и добро не можело да се забележи кои биле разбојниците, меѓутоа  во близина имало повеќе надзорни камери, врз основа на кои што снимки полицијата се надева дека ќе му влезе во трага на сторителите.

Во однос на ова Северина за „ Јутарњи лист ” изјави:

“Вие разбирате дека не можам да кажам ништо. Нека бидат сите живи и здрави. Се разбира некои украдени работи имаат сентиментална вредност но полесно ќе се справам со тоа. Тие го украдоа „моето дете“, тоа е најлошото нешто што ми се случи. Работите имаат вредност, но можат да се надоместат. Изгубеното и украдено време без моето дете никогаш не може да се надомести “, изјави Северина





Сподели го ова:

Слични објави