|

Шокантно! Ѓукановиќ го спасувала ЦИА со глисер од Милошевиќ

Сподели го ова:




Бившиот амбасадор на САД во Србија Вилијам Монтгомери, изјави дека САД во Цавтат-Хрватска имале брод со екипа на ЦИА кој што брод бил наменет за да се спаси лидерот на Црна Гора- Мило Ѓукановиќ, доколку Слободан Милошевиќ (претседателот на Сојузна Република Југославија) тргне по него. Еве што истакнува Бившиот амбасадор на САД:„Во Цавтат, имавме брод со тим на ЦИА, чија единствена работа беше да го спаси Мило Ѓукановиќ, ако Слободан Милошевиќ тргне по него. Беше тешко да се соберат средства за финансирање на неговата влада, па затоа почнавме да им дозволуваме на шверцерите со тутун да оперираат од Црна Гора. Ѓукановиќ е најспособен и најснаодлив политичар во регионот. Гледа од кој правец дува ветерот и се прилагодува на него. Ако го погледнете неговиот живот, ќе видите дека започнал како лојален комунист, потоа му беше лојален на Милошевиќ, и во одреден момент сфати дека Милошевиќ нема да победи, па се сврте кон Западот, барајќи поддршка. Таква улога имаше и за време на кампањата за бомбардирање на Сојузна Република Југославија. Но, кога Милошевиќ замина, почнавме повеќе време да í посветуваме и да í помагаме на Србија, додека претходно повеќе бевме посветени на Црна Гора. Во суштина, за време на владеењето на Милошевиќ, кога Ѓукановиќ се одвои од Милошевиќ, беше многу тешко да се обезбедат финансии за неговата влада, па почнавме да им дозволуваме на масовните шверцери на тутун да работат од Црна Гора. Ние како Запад. Решивме да не го гледаме. Меѓу другите, и Италија – нагласи Монтгомери.Како што истакнува поранешниот амбасадор на САД сите знаеле што се случува во тој временски период, но го дозволиле тоа поради парите кои што му биле потребни на Ѓукановиќ против Милошевиќ.





Сподели го ова:

Слични објави