|

Почина Марина Туцаковиќ, најголемиот српски текстописец кој ги пишуваше хитовите на Цеца, Карлеуша, Лепа Брена…

Сподели го ова:




Почина Марина Туцаковиќ, најголемиот српски текстописец кој ги пишуваше хитовите на најголемите музички српски ѕвезди како што се Карлеуша, Цеца, Лепа Брена, Неда Украден и многу други. Туцаковиќ почина вчера на 67 годишна возраст по подолго боледување и тешка борба со ракот. Туцаковиќ ќе остане запаметена по голем број на песни како што се: „Хајде да се волимо“ на Лепа Брена, „Зора је“ на Неда Украден, Додирни ми колена“ од Зана, „Ослони се на мене“ на Оливер Мандиќ, и многу други. Само што беше соопштена веста за смртта на Туцавовиќ, се огласија голем број на музички ѕвезди од цел балкан, вклучувајќи ја и Цеца, која со емотивен статус на социјалните мрежи се прости од нејзиниот текстописец-еве што напиша Цеца: Позади неа беше долга, болна борба! И колку што сите ја знаевме сериозноста на ситуацијата, немам зборови! Една вон-сериска душа, жена која направи поезија од секоја ситуација, никој не остана имун на нејзините дела, а ние кои ја имавме за пријател, можеме да се сметаме за привилегирани! Марина драга моја, одмори ја душата и знај дека засекогаш ќе бидеш сакана од сите нас”-напиша Цеца која на социјалните мрежи ја сподели нејзината приватна фотографија со Марина Туцаковиќ која следи во прилог.





Сподели го ова:

Слични објави