Неизвесен резултат на утрешните избори во Бугарија

Сподели го ова:




Утре, во Бугарија ќе има нови избори, меѓутоа анкетите и понатаму покажуваат кон еден неизвесен резултат. Овие избори следуваат по нерешениот изборен резултат на пролет. Меѓутоа гледајќи ја сегашната состојба на анкетите во Бугарија, знак прашалник е дали Бојко Борисов ќе биде релативен победник.  

Анкетите во Бугарија предвидуваат уште еден расцепкан парламент и според сите прогнози преминување на сите шест политички групи над прагот од цели 4%. Борисов неодамна претрпе една серија на нови удари, кои беа пред се како резултат на откритијата за обвинувањата за корупција и лошо управување. Се поставува прашањето дали противниците на Борисов ќе успеат да го соберат потребното мнозинство,и врз основа на тоа да постигнат договор за формирање влада-останува да видиме.

фото: Facebook Бојко Борисов





Сподели го ова:

Слични објави