Дали Бугарија ќе попушти како резултат на притисоците во однос на прашањето за нашата земја??

Сподели го ова:




Бугарскиот претседател Радев за БНТ на Бледскиот стратешки форум  изјави дека на темата за Македонија, притисокот врз Бугарија ќе продолжи да се зголемува во наредните месеци. “Очекувањата за компромис со Бугарија растат, бидејќи во последните години односите со Скопје се во ќорсокак и Бугарија остана изолирана”, потенцираше Радев.Според бугарскиот претседател Резолуцијата го зацементира неспроведувањето на Договорот за соседство кој што беше донесен помеѓу двете земји во 2017 година, а воедно повтори и дека главен приоритет на бугарската надворешна политика сеуште останува европската интеграција на Западен Балкан, а воедно и дека Бугарија е најзаинтересирана Македонија да стане членка на ЕУ. Радев, исто така укажа благодарност и до македонскиот премиер и претседателот на нашата земја за продолжувањето на дијалогот на највисоко ниво, во која насока се систематските напори на преодната бигарска влада.





Сподели го ова:

Слични објави