Свадба како од бајките на прилепчаните Катерина и Давор

Сподели го ова:

Ние како најактуелен портал во регионот “stanica.mk” сме Вашата Прва станица на интернет каде што најбрзо пристигнуваат вистинските информации кои што доаѓаат до Вас. Со други зборови, заради нашиот квалитет сме единствен портал кој што со официјална видео поддршка сме поддржани од голем број на музички ѕвезди како што се Миле Кузманоски, Јоце Панов и многу други. Како најактуелни, ние секогаш пишуваме само за најактуелните, а она што беше најактуелно и сеуште се зборува, е свадбата на Катерина и Давор која се случи пред само неколку недели, каде што на вечна љубов во манастирот “Пречиста”-Кичевско се заколнаа овие двајца млади прилепчани. Како резултат на нивната искрена-долгогодишна љубов дојде време оваа нивна љубов да биде крунисирана со брак, бидејќи како велат: “вистинската љубов нема крај”, а тимот на “stanica.mk” им посакува бракот да им биде вистински рај, каде што нивната љубов ќе зрачи во вистински-полн сјај. Што се однесува до свадбата Катерина беше преубава невеста-како од бајките, носеше елегантен, долг невестински фустан кој претставуваше одраз на нејзината убавина, додека пак зетот Давор бидејќи секогаш важи за симпатичен човек кој држи еден прецизен цврст, елегантен стил, на свадбата носеше елегантна кремова комбинација, каде на белата кошула носеше зелена вратоврска (она што моментално е во тренд) која парираше со свиленото зелено марамче кое беше прикачено во горниот преден џеб на сакото на овој младоженец. Вака убаво двајцата скоцкани, младоженците ги оставија воодушевени сите гости кои беа присутни на свадбата, гости кои беа сведоци на оваа нивна голема љубов. Во прилог, преку сликите на најдобриот Зоран Пилата-Фан Продукција, Ви ја пренесуваме дел од прекрасната романтична атмосвера од оваа свадба. Информативниот тим на “stanica.mk” на Катерина и Давор им посакува среќен и успешен брачен живот, со желба во иднина во нивниот дом да трчаат голем број на дечиња. Доколку сакате и Вие да бидете во тренд, и Вашата свадба да биде објавена на “stanica.mk” во нашата рубрика “Екстра свадба”, тогаш во таков случај слободно можете да го контактирате нашиот информативен – новинарски тим на 078/66-77-97, и преку една интересна-роматична приказна да ја преточиме и прикажеме Вашата свадба на нашите читатели, онака како што во последно време е актуелно, и е во тренд.

Сподели го ова:

Слични објави