Игротеката  „Моја Бајка“ започнува со дневен престој на деца од 1 Август

Сподели го ова:

Игротеката  „Моја Бајка“ е игротека со највисок рејтинг во Прилеп и околината. Како што истакнуваат од игротеката родителите на дечињата често им се јавуваат за да им  посочат за тоа како децата цел ден играле во нивната игротека, се забавувале, се дружеле, а сето ова за тимот од Игротеката  „Моја Бајка“ претставува вистинска гордост. Просторот во игротеката може да се користи за игра и дружење на дечињата, за часови по зумба и за роденденски прослави. Просториите каде што се одржуваат часовите по зумба и детските родендени се беспрекорно чисти и се опремени со најсовремени играчки. Игротеката има убаво уреден надворешен дел, кој претставува пријатно катче за игра и дружење за дечињата, додека за родителите претставува пријатно место каде што можат да одморат, да се релаксираат, дружат и се разбира да се освежат со сок или кафенце. Гостопримството е карактеристика за лицата кои што се дел од тимот на Моја Бајка. Од 1 ви Август планирано е да се започне со дневен престој, па врз основа на големиот интерес останаа уште неколку слободни места за упис за дечина за дневен центар во Моја Бајка.  Зависно временските услови престојот ќе биди и на отворено и на затворено Почнувајќи од 1ви Август, 2021 година игротеката „Моја Бајка“ започнува со дневен престој од 9 до 13 часот. Со дечињата континуирано ќе работат две лица кое имаат искуство во работа со дечиња. Вработените лица во игротеката „Моја Бајка“ сметаат дека најубавиот резултат од нивната работа се насмеаните детски лица. Телефон за информации: 078-351-722, 078-809-222 и 078-353-742.

Сподели го ова:

Слични објави