Во светски рамки нашата земја е на 5-то место во однос на смртност како последица на корона вирусот

Сподели го ова:




Бројките на починати како последица на коронавирусот во нашата земја и понатаму се загрижувачки и двоцифрени, при што во последнава недела регистрирани се 208 смртни случаи. Врз основа на податоците на сајтот „Ворлдметер“ нашата земја во однос на смртност како последица на коронавирусот во Европа се наоѓа на четврто место по стапката на смртност на 1 милион жители, додека пак во светски рамки нашата земја се наоѓа на петтото место, меѓутоа ако вака се продолжи и ако постојано се соочуваме со се повисока смртност како последица од Ковид 19, не е ни чудо да го заземеме и првото место во светот, кое сега за сега му припаѓа на Перу. Двоцифрен број на починати според прогнозите се очекува и во наредниот период како резултат на големите бројки на новозаболени кои што растат континуирано.





Сподели го ова:

Слични објави