Во последните 24 часа регистрирани се 577 нови случаи на КОВИД-19, од кои 21 во Прилеп

Сподели го ова:




Во последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на КОВИД-19, од кои 21 во Прилеп. Пријавени се 30 починати лица: 7 починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 починати лица од Тетово (60г, 71г и 90г) и Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно починато лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г). Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 3 се починати во домашни услови. Регистрирани сe 1010 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166.

         





Сподели го ова:

Слични објави