Прилепчани зависни од социјални мрежи

Сподели го ова:




Вчерашниот прекин на Facebook мрежата, беше доказ дека нашите сограѓани се зависни од социјални мрежи. На Facebook мрежата вчера не можеше да се пристапи еден извесен период, а веќе кај поголемиот број на наши сограѓани (како што ни изјавија и самите) се појави напнатост, нервоза, и постојано проверување на мобилните телефони за да се види дали Facebook мрежата е повторно активна. Сето ова е конкретен доказ дека освен што времето не е исто како порано, и луѓето не се исти, бидејќи им е всадена една погрешна навика-да бидат зависни од телефон и социјални мрежи. Сето тоа подразбира дека со тек на време се повеќе ќе исчезнува оној директен-природен контакт помеѓу луѓето, а ќе се зголемува оној вештачки контакт кој ќе биде на социјалните мрежи. Дали ова значи дека доаѓа едно ново време на неприродна вештачко-електронска дружба каде директниот контакт и дружбата помеѓу луѓето ќе стане минато?? Се разбира дека не, меѓутоа само ако не дозволиме да станеме робови на модерната техника и технологија, која доколку се користи умерено и правило може да создаде голем број на придобивки во однос на информации и информираност.





Сподели го ова:

Слични објави