Оваа сабота, “уште од рани зори” верниците ќе се поклонат пред свети мошти на св.Климент Охридски и св. Пантелејмон – изложени во “прилепски Параклис”
На соборното прославување на нашиот патронот св. Климент Охридски (Патронот на нашата Македонска Православна Црква), во прилепски Параклис оваа сабота ќе има света Божествена литургија, каде верниците уште од рани зори ќе се поклонуваат на светите мошти од светиот Климент Охридски и светиот маченик Пантелејмон.
За многу години и на помош нека ни бидат претстојните празници, посветени на св.Климент Охридски и св. Пантелејмон.
