КАКО НА ФИЛМ! Двајца прилепчани принудно стопирале комбе со работнички, при што нападнале една од работничките
Од страна на СВР Битола поднесена е кривична пријава против Н.З. (47)и Е.С. (41) и двајвцата од Прилеп, заради постоење на сомневање дека извршиле насилство.
Според пријавеното, претходно наведените лица на 16.08.2024 година му го попречиле патот на И.К. кој управувал со превозно средство – комбе, со кое се пренесувале работнички.
Врз основа на информациите од МВР, првопријавениот со тврд предмет го оштетил возилото, а второпријавениот физички нападнал една од работничките.
