Хаос на автопатот Охрид-Кичево, покриенo телo, погребални возила и редици колони

Сподели го ова:




Вчера вечерта нашата екипа враќајќи се од терен, на автопатот помеѓу Охрид и Кичево во месноста Дебрца околу 19 часот и 40 минути забележа тешка сообрајќајна несреќа во која според информациите на терен учествуваа најмалку 3 возила. На лице место колку што можевме да забележиме имаше едно покриено тело -загинат патник во оваа сообраќајна несреќа, а исто така нашата редакција забележа и неколку возила на Брзата помош како заминуваат од местото, при што истите со повредените се упатија кон Охрид.  Како резултат на оваа несреќа настана голема колона на редици од возила, а кај патниците кои вечерва се враќаат по патот Охрид-Кичево имаше голем револт и нервоза, бидејќи колоната се движеше мошне споро, максимум 12 км на час, а сообрајќајот веднаш после несреќата беше пренасочуван кон споредните и регионалните патишта.





Сподели го ова:

Слични објави