29 нови заболени прилепчани со Ковид 19

Сподели го ова:




Во последните 24 часа се направени 5.844 тестирањe, а регистрирани се 870 нови случаи на КОВИД-19, од кои 29 се од Прилеп. Пријавени се 37 починати лица: 10 починати лица од Скопје (78г, 73г, 71г, 69г, 69г, 67г, 61г, 56г, 48г, 42г), 8 починати лица од Тетово (85г, 83г, 80г, 78г, 74г, 63г, 62г, 53г ), По 4 починати лица од Куманово (85г, 69г, 57г, 22г ) и Струга (69г, 64г, 63г, 61г ), 3 починати лица од Гостивар (81г, 66г, 58г ), 2 починати лица од Кочани (78г, 63г ), и по едно починато лице од Прилеп ( 62г ), Велес ( 35г ), Кавадарци ( 61г ), Струмица ( 79г ), Кичево ( 57г ) и Дебар ( 75г ). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Досега во земјата се направени вкупно 1.158.171 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 176.494, бројката на оздравени пациенти е 156.307, на починати е 5.938, а бројот на активни случаи изнесува 14.249





Сподели го ова:

Слични објави