| |

Има ли музичка уметност во разголени фотографии??

Сподели го ова:




Во светски рамки, Италија беше победник на годинешната Евровизија. Сеуште не стивнуваат позитивните коментари и реакции.  Победникот Италија, односно рок-групата Манескин со својата песна „Зити Е Буони“ победи на годинашната Евровизија со 524 поени, каде што се натпреваруваат вкупно 26 земји во финалето на Евровизија што се одржа во Ротердам.

Станува збор за рок група која што на евровизиската сцена прикажа современа рок песна која што беше надополнета со впечатчив рок настап, за кој сеуште се зборува насекаде низ поголемите светски телевизии и најпознатите светски музички портали. Како резултат на сето ова, можеме да претпоставиме дека оваа Евровизија на рок-групата Манескин им овозможи една “отскочна даска”  кон светската музичка сцена.

Меѓутоа она што во последно време е “актуелно на музички план” од страна на оваа група се нивните интимни фотографии кои што повеќе членови од оваа група ги постираат на социјалните мрежи. Па врз основа на тоа во јавноста се поставува прашањето “Дали има музичка уметност во интимни фотографии?? Се разбира не. За музичка уметност треба музички дела врз основа на кои што ќе те прифати и сака самата публика.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е image-26.png

Сликите за оваа објава се од социјалните мрежи на италијанската група Манескин





Сподели го ова:

Слични објави