Во Крушево на 9-ти Август ќе гостува најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња”

Сподели го ова:


Најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња”, фестивалот каде што настапуваат деца од повеќе градови од нашата земја, на 9-ти Август ќе биде дел од годинешната манифестација “Десет дена Крушевска Република”.  Инаку градоначалникот на Крушево Томе Христоски, и секретарот на манифестацијата Трајче Шекрески, за годинава имаат направено богата музичка, културно-уметничка програма за годинешната манифестација, која што ќе привлече голем број на туристи во убавото Крушево.  Овој фестивал заслужено се најде во програмата на “Десет дена Крушевска Република”, бидејќи станува збор за детски музички фестивал кој што врз основа на својот квалитет, уникатност и квалитет на песните, моментално е број 1 во нашата земја, посебно кај најмладата публика, бидејќи мометално кај младите е тренд да се пее на овој фестивал. Песните од фестивалот постојано-секојдневно се пуштаат на 7-8 локалните телевизии-посебно во утринските детски тв блокови, а целосната снимка од фестивалот секоја година се емитува на Национална Телевизија.Фестивалот има детски и тинејџерски музички блок, и истиот е поддржан со официјална видео поддршка од голем број на музички ѕвезди од народната и забавната музичка сцена како што се: Јоце Панов, Миле Кузманоски и многу други.Со својот настап во Крушево на 9-ти Август, Фестивалот преку своите две последни фестивалски изданија ќе им пружи одлична забава на Крушевчани, како и на големиот број на гости од цела наша земја кои десетина дена ќе бидат присутни во Крушево на манифестација “Десет дена Крушевска Република”, а воедно ќе уживаат во убавините во Крушево и во чистиот планински воздух.Како резултат на големиот интерес за новото издание, организаторите на фестивалот најавија дека има уште две слободни – ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕСТА–за учество на најновото фестивалско издание. Пријавувањето е на телефонскиот број 076-833-088





Сподели го ова:

Слични објави