Теона и Михаил Богданоски се Весели ѕвончиња од Детскиот и Тинејџерскиот блок на фестивалот

Сподели го ова:




Денеска од музичката сцена Ви ги претсавуваме Михаил и Теона кои што се дел од најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.  Теона и Михаил оваа година на “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно на фестивалот кој од оваа година е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД, пред публиката во Прилеп премиерно ја изведоа нивната песна “Сестра и братче”, песна која што наиде на позитивни коментари и одлични реакции пред присутната публика во Прилеп. Имено на овој фестивал како и секоја година пеаат деца од повеќе градови од нашата земја-Прилеп, Скопје, Крушево, Радовиш… Михаил за прв пат пееше оваа година на “Весели Ѕвончиња by JANA”, додека пак Теона Богданоска на овој најактуелен фестивал се појавува по трет пат. И двајцата поседуваат одлични музички квалитети кои ги имаат наследено од нивниот татко, додека пак музикалноста- како што истакнуваат самите, е наследена од нивната мајка . Моментално течат пријавувањата за најновото четврто фестивалско издание на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кој ќе се одржи во месец Мај 2022 година. Доколку имате од 5 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!! 

Можно е да е слика од текст





Сподели го ова:

Слични објави