|

СКРОМНО-30.000 денари за да го гледате Саша Ковачевиќ во Охрид и да користите УЛТРА ВИП ПАКЕТ

Сподели го ова:




Саша Ковачевиќ, балканската музичка ѕвезда, повторно доаѓа во нашата земја-овој пат во Охрид, каде што свој музички настап ќе има на 17 Јули оваа година на плажата Аквалина. Неговиот настап во Охрид е веќе објавен на страната на ,,I-Vents event”, кој што е огранизатор на концертот. Се е одлично, се знае ќе има спектакуларен настан, одлична забава, меѓутоа ако сакате избор на ВИП сепаре, односно Ултра ВИП пакет што опфаќа маса покрај базен и услуга од бар девојки и момци за секоја маса, тогаш во овој случај цената изнесува неверојатни 30.000 денари а во оваа цена влегуваат: шест влезници и шише пијалок по избор од неколку видови на шампањ или виски. Местата за оваа ВИП услуга се ограничени! Најефтина понуда за обична маса за овој музички настан е 6.000 денари, и опфаќа 4 влезници и шише вино.

Сликата за оваа објава е превземена од Facebook страната на Саша Ковачевиќ





Сподели го ова:

Слични објави