Прилепчанката Илина Наумоска е “ВЕСЕЛО ЅВОНЧЕ” од Детскиот музички фестивал кој пред еден месец беше прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД!!!

Сподели го ова:




Прилепчанката Илина Наумоска е второ одделение во ООУ “Блаже Конески” во Прилеп. Илина поседува голем талент за пеење, па како резултат на тоа беше дел од овогодишното фестивалско издание на моментално најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивал кој трета година по ред се одржува во Прилеп, а воедно се емитува и на повеќе Национални телевизии. Илина на овој фестивал пееше во детскиот музички блок, додека пак повозрасните учесници на фестивалот учествуваа во Тинејџерскиот музички блок. Прилепчанката Илина на годинешната фестивалска сцена пееше со деца од повеќе градови од нашата земја, а нејзината песна се викаше “За љубов, среќа и мир” песна која што наиде на голем број позитивни реакции од присутната публика во Прилеп. На 19-ти Септември оваа година во Прилеп за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека Гоце Илиески-Балада и Јана Илиеска освен за најмладите, на Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал оставаат простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!! 





Сподели го ова:

Слични објави