Пред 14 години на денешен ден Тоше го одржа својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје

Сподели го ова:




Пред 14 години на денешен ден Тоше го одржа својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје, а финансиските средства од продажбата на билетите тој ги даде во хуманитарни цели. Тоа тогаш беше концертен спектакал, концерт за паметење, меѓутоа никој не можеше да претпостави дека тоа беше последната негова дружба со публиката. Веднаш после тоа, односно после десетина дена него веќе го немаше, замина горе, да пее заедно со ангелите. Веднаш после завршувањето на концертот Тоше доби статуетка Мајка Тереза, од истоимената фондација, и истата веднаш Тоше ја подари на неговата мајка Доминика, која како што истакна Тоше на концертот, неговата мајка е таа која што му ја всадила хуманоста уште од мали нозе. Тоше загина на 16 октомври 2007 во трагичната сообраќајна несреќа која што се случи на автопатот кај местото Нова Градишка во Хрватска, на 26 годишна возраст.





Сподели го ова:

Слични објави