|

Почина “БАС”-кучето од Тоше-сега двајцата се горе на небото

Сподели го ова:




Почина Бас- кучето на Тоше Проески. Бас е починат во текот на вчерашниот ден, а во семејството Проески живееше неполни 14 години. Како што изјавува нашиот дописник од Крушево, станува збор за кучето на Тоше-златен ретривер кое кога загина Тоше имаше само 6 месеци. Веднаш после смртта на Тоше како што изјавуваат крушевчани, Бас тешко го поднесувал неговото отсуство, а ниту јадел-ниту пак пиел. Сега Бас е заедно со Тоше-човекот кој што остави длабока, вечна и незибришлива трага на нашето музичко небо, човекот за кој што до ден денес-не постои личност која што може да го замени.





Сподели го ова:

Слични објави