NEXT TIME го промовираа нивниот најнов музички албум – насловен како “МАЈКА”

Сподели го ова:






























NEXT TIME, вчера вечерта го промовираат нивниот најнов музички албум – насловен како “МАЈКА”. Големата промоција на Албумот се одржа вчера (07.06.2022) во СКОПЈЕ МЕРИОТ ХОТЕЛ во 20:00 часот, во главната сала за настани на втори спрат.

Промоцијата беше од отворен тип, каде сите имаа можност да присуствуваат, и да уживаат во мини концертната изведба на дел од песните што се наоѓаат на самиот Албум.

Албумот се изработуваше долг период под палка на Никола Мицески, а е снимен и мастеризиран во XLstudio Momiroski. На албумот има девет (9) композиции од кои една е Бонус трака за песната “Ја излези Ѓурѓо”, која што е во ново руво и во дует со Лозано. Албумот Мајка е во лимитар број и можеше да се купи само на вчерашната промоција.




Сподели го ова:

Слични објави