Најдобриот прилепски бенд “The dreamers” вчера вечерта направи вистински спектакал на летната сцена на Н.У.Ц.К. Марко Цепенков

Сподели го ова:




Најдобриот прилепски бенд “The dreamers”  вчера направи вистински спектакал на летната сцена на Н.У.Ц.К. Марко Цепенков во Прилеп. Станува збор за прилепски, веќе добро познат бенд кој што го сочинуваат вистински професионалци и докажани уметници и тоа: Викторија Стојческа – вокал, Маја Црвенкоска – вокал, Кире Најдоски – клавијатури и вокал, како и добро познатиот Милан Секулоски – гитара. Вчера Прилеп имаше можност да слушне што е вистински музички квалитет и што е вистинска музика отпеана и отсвирена од вистински професионалци. Имено бендот “The dreamers”  вчера настапи во склоп на манифестацијата „Цело е кога се има 30“, каде отсвири “100% македонска музика во ритамот на 90 тите”. Пред почетокот бендот на социјалните мрежи ги покани своите фанови при што истакна: “Дојдете да направиме игранка како никогаш до сега, сонувајќи за подобри следни 30 години”. Она што е карактеристично за овој доста популарен прилепски бенд е дека основната движечка сила во бендот е токму сонот за музика, сонот за уметност, сон кој што овој бенд го преточува во реалност, реалност која преку песната допира до секој оној кој што се разбира во вистинска музичка уметност. Секоја чест “The dreamers”.





Сподели го ова:

Слични објави