На сите првачина Прилепскиот Детски Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња” преку песна им посакува среќен и успешен почеток на учебната година

Сподели го ова:




Најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња”, фестивалот каде што настапуваат деца од повеќе градови од нашата земја, на сите првачина преку песна им посакува среќен и успешен почеток на учебната година. Овој прилепски фестивал заслужено се најде во овогодинешната програмата на “Десет дена Крушевска Република”, бидејќи станува збор за детски музички фестивал кој што врз основа на својот квалитет, уникатност и квалитет на песните, моментално е број 1 во нашата земја, посебно кај најмладата публика, бидејќи мометално кај младите е тренд да се пее на овој фестивал. Песните од фестивалот постојано-секојдневно се пуштаат на 7-8 локалните телевизии-посебно во утринските детски тв блокови, а целосната снимка од фестивалот секоја година се емитува на Национална Телевизија.Фестивалот има детски и тинејџерски музички блок, и истиот е поддржан со официјална видео поддршка од голем број на музички ѕвезди од народната и забавната музичка сцена како што се: Јоце Панов, Миле Кузманоски и многу други. Најновото издание на фестивалот децата и тинејџерите ќе можат да го проследат во Прилеп овој месец, а точниот датум на фестивалот сеуште е изненадување. Како резултат на големиот интерес за учество на фестивалот,  организаторите на фестивалот не известија дека сите места се зафатени за учество на најновото фестивалско издание, меѓутоа на средината на Септември штом ќе заврши најновото годинешно издание, веднаш ќе бидат објавени нвите аудиции за учество на фестивалот.





Сподели го ова:

Слични објави