На прилепскиот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” наредната 2022 година ќе настапи и Ангела Релушкоска

Сподели го ова:




Ангела Релушкоска доаѓа од Општина Крушево, и самата таа по трет пат ќе учествува на наредното четврто фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022 кое ќе се одржи во месе цмај. Овој фестивал на 19-ти овој месец се одржа по трет пат на камената бина во центарот во Прилеп, каде што настапија учесници од повеќе градови од нашата земја, а меѓу нив беше и ангела Релушкоска која што на овогодинешниот прилепски фестивал настапи со песната “Вљубена сум јас”, песна која што специјално за неа ја направи Гоце Илиески Балада и Јана Илиеска, а аранжманот беше на Рубин Димкоски. Меѓутоа веќе е договорено, Ангела Релушкоска и наредната година ќе пее преубава песна која ќе биде дело на победничкиот авторски тим: Гоце Илиески-Балада и Јана Илиеска кои веќе работат на новата детска песна за Ангела со која Ангела ќе настапи на најновото фестивалско издание во Прилеп во Мај наредната 2022 година на детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Инаку колку за потсетување, Ангела Релушкоска имаше одличен модерен настап на овој фестивал кој се одржа во неделата на камената бина во Прилеп пред повеќе од 1000 присутни кои уживаа во песните од годинешното фестивалско издание. На 19-ти Септември оваа година во Прилеп за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, од неделата Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 5 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!.





Сподели го ова:

Слични објави