Миле Кузмановски на Гоце Балада му откри колку заработува годишно од музика цели 30 години

Сподели го ова:




Кралот на фолк баладите-Миле Кузмановски при едно гостување во емисијата на Гоце Балада,  открива колку пари самиот тој лично заработува од музиката. Како што истакнува Миле- народот во Македонија мисли дека пејачите прават многу пари, меѓутоа тоа не е навистина така. Само за еден албум Миле Кузманоски вложува сума од 15.000 до 20.000 евра на речиси секои две години-пари за снимање на песни и видео записи, а во оваа сума не се вкалкулирани пропратните трошоци за гориво при гостувања по телевизии, промоции, договори, преговори и слично. Па врз основа на неговиот одговор, може да претпоставите колку парични средства му остануваат на еден естраден уметник во Македонија кога ќе се покријат сите претходно наведени трошоци.  Меѓутоа и покрај се, Миле Кузманоски работи и пее од душа-и за душа, како вистински голем естраден уметник, уметник кој непрекинато пее и твори, а што се однесува до финансиите, кога ќе се одземат сите претходно споменати реални трошоци, се доаѓа до констатацијата дека и најголемите естрадни уметници во Македонија, и покрај нивниот голем музички квалитет и потенцијал, сепак заработуват многу помалку од онаа финансиска слика која постои во јавноста-кога станува збор за заработката на најголемите музички имиња во Македонија. На прашањето дали заработува од изведувачки права, Миле Кузманоски вели дека ни од тоа не се заработува, бидејќи ваквите права не функционираат во нашата земја, за разлика од Хрватска каде што ваквите права се целосно регулирани и постојано функционираат.





Сподели го ова:

Слични објави