|

Лозано-секогаш со стил

Сподели го ова:


Фото: Facebook-Lozano

Влатко Лозановски-Лозано е пејач со уникатен, вон-сериски глас, глас кој никого не остава рамнодушен.  Освен тоа што секогаш добро внимава при изборот на своите песни, исто така самиот тој внимателно ги одбира и модните парчиња и детали, кои се неизоставен дел од секој негов настап.  Зависи од настапот и природата, некогаш е во елегантна комбинација, некогаш се појавува облечен во спортски стил, меѓутоа без разлика на природата на настанот каде се појавува, самиот тој знае да биде целосно “скоцкан”-онака како што треба.

Во последно време на неговата официјална Facebook страна објавува слики, каде што како моден додаток на себе носи спортски капи-без разлика дали станува збор за негово гостување на ТВ, или самиот тој се наоѓа во некоја надворешна средина.

Фото: Facebook-Lozano

Дали спортските капи ќе бидат неизбежен-секојдневен модел детал на Лозано во наредниот летен временски период – останува да видиме. Инаку во последен период Влатко Лозановски е  актуелен со песната “Вардаре”, песна која што е дел од неговиот проект насловен како “Километри”.


Фото: Facebook-Lozano





Сподели го ова:

Слични објави